| 2022-06-02 14:30:40

Скриени трошоци за реновирање - како да ги намалите?

Кога се одлучуваме за реновирање или преуредување, не сме секогаш свесни дека можеби нема да можеме да останеме во рамките на буџетот поради скриените трошоци. Предлагаме што можете да направите за да ги сведете на минимум.

 

За да ги намалите скриените трошоци за време на реновирањето, изберете материјали што се издржливи, лесни и достапни за одржување. Не заборавајте да ги додадете трошоците за работна сила и транспорт на трошоците за набавка на суровини, исто така и трошоците за отстранување и можно делумно уривање. Во случај на објект каде што има проблеми со влага, треба да се додадат и трошоците за сушење на ѕидовите. Во овој случај, без оглед на барањата за заштита од пожар, добро е да се користи минерална волна за изолација, која има подобра паропропустливост од полистиренската пена. Иако ова решение е поскапо, во иднина ќе ги минимизира проблемите со појавата на влага.

Инвестиција за иднина

При изборот на темна боја на фасадата, важно е да се имаат предвид дополнителните трошоци. За да се намали прекумерното оптоварување на загреаната фасада и со тоа да се избегнат пукнатините, се препорачува да се изберат соодветни производи и да се води сметка за зајакнување на подлогата. Секогаш избирајте системски решенија, од изолација до мрежа, малтер или фасадни бои. Ако ги следите препораките на производителот, може да бидете сигурни дека гаранцијата ќе биде исполнета, и ќе избегнете непотребни трошоци за поправка и нема да ја изложите зградата на неправилна употреба.

Обезбедете оптимална топлинска изолација на зградата. Ова ќе ги намали дополнителните трошоци за греење и топла вода. Извршете симулации за да ја процените дебелината на изолацијата во поглед на потребните коефициенти на пренос на топлина и финансиски заштеди каде што ќе го достигнат својот максимум.

Скриените трошоци може да се намалат и со елиминирање на топлинските мостови. Сите места во стандардната инсталација што ја прекинуваат изолацијата може да претставуваат ризик од истекување, корозија и топлина. Користете таканаречени топли споеви, кои овозможуваат беспрекорно поставување на фасадни елементи како што се балустради и француски прозорци.

Неколку совети

Обрнете внимание на изборот на видот на малтерот, кој има значително влијание врз правилното „стареење“ на фасадата и нејзината цена. Фасадите кои се особено изложени на негативни фактори како што се прашина, нечистотија, саѓи, индустриско загадување и загадување на патиштата, дожд и ветер треба да се заштитат со Double Dry системот на Ceresit. Teхнологијата Double Dry штити од натопување со вода, а благодарение на својата паропропустливост овозможува ѕидовите брзо да се сушат. Исто така, водете сметка за професионалната хидроизолација на темелите. Користете премази за хидроизолација специфични за темели, како што се CR 65 за бетонски структури и недеформабилни подлоги, CR 90 зa недеформабилни подлоги и CR 166 зa деформабилни подлоги.

Како да се намалат скриените трошоци?

Диверзифицирајте ги изолационите материјали, на пр. користете незапаливи материјали (на пр. минерална волна) на места каде што е потребно. Областите со помали барања за заштита од пожар може да се изолираат со полистирен, што е поекономично. Направете проект за фасада и врз основа на тоа побарајте од неколку независни понудувачи да дадат проценка. Ова ќе ви помогне да ги избегнете трошоците што не сте можеле да ги предвидите. Исто така, можете да заштедите пари со замена на фасадните материјали како што се дрво, камен или бетон со украсни малтери кои имитираат природни суровини. За ова се идеални производите од Ceresit Visage палетата.

ВИДИ ИСТО ТАКА
1/1

Помалку е повеќе - минимализам во архитектурата

Раскошноста и богатството на украсите не секогаш добро се вклопуваат со ентериерот. Но минимализмот во архитектурата е безвременски и секогаш е во мода. Уверете се и самите дека понекогаш помалку е повеќе.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

ЗЕЛЕНАТА СТРАНА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ДИЗАЈН

Боите се нашата страст. Бидејќи природата инспирира сè што правиме, можеме да бидеме сигурни во едно: зелената боја никогаш нема да излезе од мода. Трендот на одржливост за миг завладеа со нашиот свет. И се чини дека не успорува! Многу индустрии, вклучувајќи ги градежништвото и архитектурата, постојано бараат имплементација на нови еколошки решенија.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Хармонија и урамнотеженост - боја за 2022 година

Во животот се стремиме кон хармонија и урамнотеженост. Ова се однесува на нашите вредности, семејството, работата и исхраната, како и на архитектурата и дизајнот на ентериерот. Токму на ова се однесува и ZANZIBAR 6, боја на 2022 година, од палетата Хармонија и Урамнотеженост.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Moќ на природните комбинации

Употребата на природни материјали и црпењето на инспирација од природата е еден од најсилните трендови во моментов и нема да успори во поскоро време. Поради тоа вреди да се размисли за употреба на материјали од природно потекло или на материјали кои ги имитираат на фасадата.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ