Сите нијанси на бела

Белата е најчеста боја на фасадите на модерните згради. Ова не е изненадувачки, бидејќи белата боја е неутрална и ја симболизира совршената рамнотежа помеѓу спротивностите и внесува чувство на мир и хармонија во просторот.

Од сите бои, белата боја рефлектира најмногу сончева светлина. Со тоа се намалува температурата во зградите и градовите, поради што во топлите земји голем број згради се со оваа боја. Ceresit нуди 6 нијанси на бела во својот асортиман на Colours of Nature палетата. Eве неколку совети како да ги користите на фасадите.

Бели нијанси за фасади

Употребата на бела боја на надворешниот дел од зградата оптички ја зголемува нејзината големина, тоа ја прави идеална за мали згради. Покрај тоа, таа е безвременска боја и никогаш нема да излезе од мода. Ако планирате да ја обоите зградата во две бои, подобро е да изберете потемна нијанса во приземјето и бела на горните катови. Ова ќе направи зградата да изгледа поголема и посветла. Светлата боја исто така ќе биде многу добро решение за предмети со јасна, сложена и украсена форма. Употребата на бласкави бои би придонела за впечаток на хаос и неред, додека белата првенствено ќе ја нагласи еднобојноста. Нијансите на бела се идеални за згради во природна средина бидејќи добро го нагласуваат зеленилото.

Белата како основна бoja

Белата може да биде основа за сите експресивни бои, и идеална е кога сакате да ја обоите фасадата во силна, контрастна боја. Побарајте различни нијанси на бела боја и усогласете ги со главната боја. За сините елементи, адекватна ќе биде ладната бела, како што е  WHITE ICE, a за црвените елементи топлата нијанса, како што е WHITE DESERT. На оваа боја може да ѝ се даде карактер со помош на додатоците. Поинаков впечаток ќе остави во комбинација со кремаста и сива (можете да ги истакнете карактеристичните елементи, како столбови, капаци, ролетни и сл.), a поинаков со графитот кој оптички ја осветлува.

Белата фасада ќе биде најдобро решение за куќите со керамички плочки во нијанси на природни тули или во некоја друга експресивна боја. Ова е многу импресивен елемент на зградата, со кој ќе биде тешко да се совпадне која било друга боја. Таквата комбинација ќе создаде безвременско дуо.

Eлегантна комбинација

Белата е примарна боја за минималистички, модерни и провансалски стилови, но може да се појави во кој било друг архитектонски стил. Ладните нијанси на бело, на пр. WHITE ICE, WHITE MIST, на зградата ѝ даваат нота на свеченост и елеганција нагласувајќи ја чистотата на зградата. Топлите бои, на пр. WHITE SNOW, WHITE, WHITE DESERT, WHITE ROCK, на зградата ѝ даваат блескав изглед и чувство на пријатност.

Минималистичкиот стил често нагласува одредени елементи со текстура, а не со боја. Затоа, треба да се напомене дека исклучително интересен ефект може да се постигне со комбинирање на различни текстури на бела боја на фасадата. Во модерните згради, белата обично е основна боја и се комбинира со дрво и нијанси на сива боја. Слично е во провансалскиот и медитеранскиот стил, но овде најчесто се комбинира со елементи со пастелни бои, како што се капаци/ролетни.

 

 

ВИДИ ИСТО ТАКА
1/1

Ние вака работиме

Брендот Ceresit е еден од најпознатите и најдобро оценетите брендови кога се работи за градежните материјали. Ние работиме во духот на одржливоста и општествената одговорност. Се грижиме за урамнотеженото производство, црпиме и враќаме назад во животната средина и локалната заедница.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Скриени трошоци за реновирање - како да ги намалите?

Кога се одлучуваме за реновирање или преуредување, не сме секогаш свесни дека можеби нема да можеме да останеме во рамките на буџетот поради скриените трошоци. Предлагаме што можете да направите за да ги сведете на минимум.

 

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Хармонија и урамнотеженост - боја за 2022 година

Во животот се стремиме кон хармонија и урамнотеженост. Ова се однесува на нашите вредности, семејството, работата и исхраната, како и на архитектурата и дизајнот на ентериерот. Токму на ова се однесува и ZANZIBAR 6, боја на 2022 година, од палетата Хармонија и Урамнотеженост.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Moќ на природните комбинации

Употребата на природни материјали и црпењето на инспирација од природата е еден од најсилните трендови во моментов и нема да успори во поскоро време. Поради тоа вреди да се размисли за употреба на материјали од природно потекло или на материјали кои ги имитираат на фасадата.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ